Претставена апликација „Мое здравје“: До здравственото досие и преку мобилен телефон

Министерот за здравство, Фатмир Меџити

Министерството за здравство денеска презентираше нова мобилна апликација „Мое здравје“ која ќе им овозможи на сите граѓани да имаат лесен пристап и увид во личните здравствени податоци.

Апликацијата вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за вакцинација и многу повеќе информации во форма на лично здравствено досие. Во рамки на ова дигитално решение ќе бидат овозможени и детални информации за сите извршени здравствени услуги. Пристап до апликацијата ќе има секое полнолетно лице со можност да врши увид и како родител/старател во податоците за малолетните лица за кое е одговорен.

Видете и ова: Меџити: Од 2024-та еден Клинички центар, без економски директори


На ваков начин, секој граѓанин ќе има можност за директен увид во податоците поврзани со личното здравје.

„Како Министерство работиме и ги следиме современите текови и трендови во доменот на достапност на лични податоци поврзани со здравствените досиеја на граѓаните од нашата држава. Со ваков пристап се зголемува нивото на транспарентност и достапност до личните податоци поврзани со здравјето, како за медицинските лице, така и за пациентите“, министеро за здравство Фатмир Меџити.