Украина одбила нов масовен напад со дронови на Киев

Руски напад со дронови врз Киев

Украинската армија во четвртокот на 25 мај објави дека воздушната одбрана во Киев одбила нов „масовен“ напад на руски беспилотни летала врз градот.

„Русија повторно го нападна Киев од воздух“, напиша Серхи Попко, шефот на цивилната и воената администрација на Киев, на апликацијата за пораки Телеграм.

Воздушниот напад на градот траеше повеќе од три часа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризирање на Украинците откако неговата војска објави дека соборила 36 нападни беспилотни летала од Иран.

„Непријателот продолжи да ја тероризира Украина со лансирање 36 шахиди. Ниту еден од нив не стигна до целта“, рече Зеленски во објавата на социјалните мрежи.

Видете и ова: Шефот на Вагнер вели рускиот план за „демилитаризација“ на Украина не успеа

Тоа беше 12-ти руски напад со беспилотни летала од почетокот на мај, а последниот беше пред четири дена, пренесува агенцијата Франс прес.

Воздушна тревога била забележана и во градовите Харков и Черновци.

Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година.