„Тина Тарнер, 'Кралицата на рокенролот', почина мирно денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Светот загуби музичка легенда и пример“, напиша нејзиниот портпарол во соопштението до јавноста.
Тина Тарнер е родена на 26 ноември 1939 година во Натбуш, Тенеси како Ана Меј Булок.
Ја започна својата кариера во 1950-тите за време на раните години на рокенролот и еволуираше во феномен на Ем-Ти-Ви. Со нејзиниот вкус за музичко експериментирање и отворено формулирани балади, Тарнер совршено се надоврза на поп-пејзажот од 1980-тите, во кој љубителите на музиката ги ценеа звуците произведени по електронски пат и го презираа идеализмот од хипи ерата, објави Ројтерс.
Тарнер освои шест од нејзините осум Греми награди во 1980-тите. Нејзиното шоу од 1988 година во Рио де Жанеиро привлече 180.000 луѓе, што останува една од најголемите концертни публики за кој било индивидуален изведувач.
Авторка е на голем број песни, снимила дуети со најголемите музички имиња од поп сцената и освоила голем број музички награди.