Столтенберг: Приклучување на Украина во НАТО за време на војната „не е на дневен ред“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека пристапот на Украина во западната воена алијанса нема да се случи додека трае војната, но дека патот за членство е таму за во иднина.

Столтенберг на настан организиран од Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави во Брисел рече: „Сите се согласуваме дека Украина ќе стане членка на алијансата“.

Видете и ова:

Столтенберг - Обучувањето на украинските пилоти не го прави НАТО страна во конфликтот

Но, тој додаде: „Да се стане членка среде војна не е на дневен ред“. Столтенберг рече дека рускиот претседател Владимир Путин направил „две големи стратешки грешки“ – потценување на „храброста“ и „решителноста“ на Украинците и потценување на сојузниците и партнерите во НАТО.