Обвинителот во Калининград побара од судот да осуди 64-годишен антивоен активист на осум години затвор под обвинение за ширење „лажни“ информации за руските вооружени сили вклучени во тековната инвазија на Украина.
Адвокатот на Игор Баришников, Марија Бонтслер, на 24 мај изјави за РСЕ дека нејзиниот клиент не е во состојба да биде затворен, бидејќи му е дијагностициран рак и итно му е потребна операција.
Случајот против Баришников беше покренат на 5 мај поради неговите бројни објави на интернет во кои се осудува руската агресија врз Украина.
Видете и ова: Мора да ја запреме омразата - малкумина Руси се осмелија да се против инвазијата на УкраинаВо март, Путин потпиша закон кој предвидува долги затворски казни за дистрибуција на „намерно лажни информации“ за руските воени операции.
Законот предвидува казни до 10 години затвор за лица осудени за прекршок, додека казната за „намерна дистрибуција на лажни информации“ за руската армија што довеле до „сериозни последици“ е 15 години затвор.
Тоа, исто така, го прави противзаконско секое упатување „повици против употребата на руските трупи за заштита на интересите на Русија“ или „за дискредитација на таквата употреба“ со можна казна до три години затвор.