Шест лица загинаа, а стотици домови беа уништени во поплавите во централен Авганистан, соопштија локалните власти на 24 мај.
Абдул Вахид Хамас, портпарол на гувернерот на талибанците во централната провинција Гор, рече дека три жени и едно дете загинале во поплавата во градот Фирозкох.
Во областа Пасабанд, во истата провинција, маж и жена биле пронајдени мртви, додека уште едно лице се води како исчезнато, соопшти Хамас.
Видете и ова:
Тринаесет загинати во поплавите во ИталијаУништени се повеќе од 100 куќи и околу 200 хектари земјоделско земјиште, а оштетени се каналите што се користат за наводнување на нивите, рече тој.
„Засега немаме повеќе детали за финансиските загуби“, изјави Хамас за агенцијата АФП.