Шефот на Вагнер вели рускиот план за „демилитаризација“ на Украина не успеа

Водачот на руската приватна платеничка група „Вагнер“

Шефот на руската приватна платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вели дека планот на Москва за „демилитаризација“ на Украина не успеал и дека инвазијата на нејзиниот сосед „ја претвори украинската армија во една од најмоќните во светот“.

Во интервју со про-рускиот политички набљудувач Константин Долгов, чија целосна верзија беше објавена на 24 мај, Пригожин рече дека руската агресија ги направи Украинците „нација позната на целиот свет“.

Видете и ова: „Вагнер ни го киднапира синот и го испрати во Украина“

Пригожин додаде дека Вагнер изгубил 20.000 војници за време на борбата за украинскиот град Бахмут и посочи дека војната може да заврши со бунт на руски војници.