Разнесени две училишта за девојчиња во Пакистан, нема жртви

Разнесени две училишта за девојчиња во пакистанскиот племенски регион Северен Вазиристан на границата со Авганистан

Две училишта за девојчиња во пакистанскиот племенски регион Северен Вазиристан на границата со Авганистан беа кренати во воздух во текот на ноќта, очигледно од вооружени напаѓачи, изјавија регионалните власти за Радио Машаал, сервсот на Радио Слободна Европа на 22 мај.

Никој не е повреден во бомбашките напади врз училиштата во Мусаки и Хасухил селата од поддивизијата Мир Али, соопштија властите.

Видете и ова:

Училишта без девојчиња: Талибанците се плашат од образовани жени

Според изјави на очевидици кои бараа да останат анонимни поради страв од можни последици, училиштето во Мусаки до неодамна беше затворено поради заканите упатени од вооружени мажи.

Минатата година, талибанците направија пресврт во последен момент, откако со месеци ветуваа дека ќе им дозволат на тинејџерките да одат на училиште. Оваа година имаше неколку знаци пред почетокот на академската година дека милитантите ќе ја поништат својата забрана, но сепак тоа не се случи. Во декември, талибанците исто така го забранија универзитетското образование за жените.