Најголемата мултинационална вежба во Европа именувана како „Брз одговор 23“ денеска почнува да се реализира на армискиот полигон „Криволак“. Оваа вежба е дел од европската стратегија „Defender Europe 23” и ќе трае до 2 јуни.
„Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.
Во делот од вежбата што ќе се реализира на македонскиот армискиот полигон „Криволак“, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.
Македонската арамија ќе биде дел од оваа вежба со околу 130 свои припадници , заедно со војниците од Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.
Видете и ова:
Петровска: Веќе разговараме со која НАТО членка ќе соработуваме за хибридните закани
Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите. Преку изведување на здружен опсег на операции мисии и активности, вежбата ќе влијае на подобрување на брзината на дејствувањето и усогласување на оперативните процедури.
Во текот на вежбата на АП „Криволак“ ќе биде презентиран и проектот ORIGIN кој претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии, односно автономно, копнени роботски возило на Командата за развој на воените способности на САД.