Владата на Србија им даде нова понуда на земјоделците за да ги прекинат блокадите и протестите во повеќе градови во Србија.
Протестираат седум здруженија на земјоделци поради откупните цени и субвенциите и поради регулирањето на увозот на млеко.
Претставниците на здруженијата денеска имаа средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ и министерот за финансии Синиша Мали.
Владата на Србија им даде нова понуда на земјоделците, која ќе ја разгледаат и ќе одговорат до 20 часот, јавува Радио телевизија на Србија (РТС).
Земјоделците меѓу другото од Владата на Србија бараат најниската откупна цена на млекото да биде 78 динари плус ДДВ, субвенции од 35.000 по хектар за сите регистрирани површини и укинување на ограничувањата за субвенции до 20 хектари.
Во исто време, земјоделците блокираат патиштата низ Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 18 мај во Нови Сад изјави дека на Владата на Србија ѝ предложил дополнителни буџетски средства за земјоделците.