На адресите на повеќе институции во Нови Сад и Белград пристигнаа пријави за бомби, а полицијата е на терен и врши увид. Евакуирани се објекти на неколку локации во Нови Сад.
Како што потврдија за Радио Слободна Европа, заканите пристигнале на адреса на Филозофскиот факултет, Спортскиот бизнис центар на Војводина (СПЕНС), Техничкиот факултет и уште неколку институции.
Полицијата по добиените пријави ги евакуирала тие објекти.
„На 19 мај полицијата добила дојави за поставени бомби во две болници во Белград, КБЦ Звездара и Воено-медицинската академија“, потврдија за агенцијата Бета од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Стотици вакви пријави се пристигнати во изминатите неколку месеци на адреси на училишта, аеродроми, медиуми и институции.