Иранскиот претседател Ебрахим Раиси го предупреди талибанскиот режим во Авганистан дека не ги почитува заедничките договори за правата на вода во регионите долж нивната заедничка граница, што доведува до ескалација на тензиите меѓу Техеран и Кабул.
Раиси ова предупредување го искажа за време на посетата на југоисточната иранска провинција Систан-Балучистан на 18 мај дека „владетелите на Авганистан“ треба „сериозно да го сфатат прашањето за правата за вода на Иран“.
Предупредувањето следува по телефонскиот разговор меѓу Амир Кан Мутаки, вршител на должноста министер за надворешни работи на администрацијата на Талибанците, и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан за неколку прашања, вклучително и трансферот на вода од реката Хелманд.
Амир-Абдолахиан побара од Талибанците да ги отворат портите на браната Кајаки „за да можат и луѓето во Авганистан и Иран да бидат хидрирани“.
Талибанските власти неодамна тврдеа дека поради нискиот водостој, дури и да ја отворат браната, ништо нема да стигне до Иран.
Видете и ова:
Протести поради суштата во ИранНо, Амир-Абдолахиан рече дека тоа може да го утврди само заеднички технички тим, според договорот од 1973 година за правата на вода. Иран предложи таков тим да ја провери браната Кајаки за да ја процени ситуацијата, рече министерот.
Раиси додаде дека доколку експертите го потврдат недостигот на вода, Иран ќе се откаже од загриженоста, иако како што вели, Иран нема да дозволи „загрозување на правата на неговиот народ“.
Според договорот од 1973 година, Авганистан е обврзан да му обезбедува на Иран 850 милиони кубни метри вода годишно од реката Хелманд. Непочитувањето на договорот од страна на Авганистан во текот на неколку децении стана значајна точка на расправија меѓу двете земји.
Водата од 1.150 километри долгата река Хелманд, најдолгата во Авганистан, го храни езерото Хамун во иранската провинција Систан-Балучистан. Регионот во голема мера се потпира на езерото и властите велат дека претрпел големи проблеми поради постојаниот недостаток на вода.
Ситуацијата во Иран станува акутна, многу градови се соочуваат со недостиг на вода. Во меѓувреме, протестите за ова прашање стануваат се почести.
Авганистанците минатиот март го прославија завршувањето на браната Камал Кан. Поранешниот претседател Ашраф Гани тогаш изјави дека Авганистан повеќе нема да „дава бесплатна вода“ и предложи Иран да му обезбеди нафта на Кабул во замена за вода.