Поротата во Њујорк утврди дека Доналд Трамп сексуално ја нападнал новинарката и пистателка, Џин Керол во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во пролетта 1996 година.
Федералниот суд во Менхетен го прогласи Трамп за одговорен и за клевета во граѓанска тужба поднесена од Керол.
Трамп треба да и плати отштета од речиси три милиони долари бидејќи Керол ја докажа нејзината тужба за клевета.
Исто така, утврдено е дека поранешниот американски претседател треба да и плати околу два милиони долари отштета за нејзината граѓанска тужба, со што вкупниот износ на отштета би се искачил на пет милиони долари, пренесува CNN.
Видете и ова:
Правните проблеми на Доналд ТрампКерол го тужеше Трамп минатата година. Таа тврди дека Трамп ја турнал „на ѕид“ во соблекувалната, насилно и ја соблекол облеката и ја нападнал, пред таа да побегне на Петтата авенија и да повика пријателка.
Поранешниот американски претседател негираше дека ја познава Керол и повторно повтори дека обвинувањата не се веродостојни, тврдејќи дека новинарката „воопшто не е негов тип“.
„Тука сум затоа што ме силувал Доналд Трамп, а кога напишав за тоа, тој рече дека тоа не се случило. Лажеше и ми го уништи угледот, а јас сум тука да се обидам да си го вратам животот“, сведочеше Керол во судот.