Блинкен- Ковачевски: Силна поддршка од САД за преговорите со ЕУ

Ковачевски и Блинкен во Вашинготн, 8 мај 2023

Борба против дезинформаци, енергетска безбедност и силна поддршка на САД за македонскиот пат кон членство во ЕУ, беа дел од теми за кои разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и македонскиот премиер Димитар Ковачевски при неговата работна посета на Вашинготон. На оваа средба беа присутни и заменик помошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и Дерек Шоле, висок советник на американскиот Стејт департмент. кои неодамна беа во посета на земјава.

„Ние гледаме силен партнер во Северна Македонија, вреден сојузник во НАТО во време кога тоа е навистина потребно. Ние сме благодарни за солидарноста и лидерство во врска со Украина и помошта во одбрана против руската агресија. Ние силно го поддржуваме патот на Северна Македонија кон ЕУ“ изјави Блинкен.

Тој на дел од средбата во Стејт Департментот кој беше отворен најави дека со Ковачевски ќе разговара и за предизвиците.

„Имаме многу да разговараме денес, вклучително и тоа што го спомнав, но и како можеме да ги унапредиме работите како поголема енергетска безбедност за регионот, за Северна Македонија; работата што исто така треба да се направи за борба против дезинформациите и кои се повеќе од витално значење“, изјави Блинкен.

По средбата со Блинкен, Ковачевски со Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент Џејмс П. Рубин, потпиша меморандум за создавање стратешко партнерство со САД за борба против дезинформации, што ќе им овозможи на двете земји интензивна соработка во спротивставување на манипулациите со информации и борбата со дезинформации.

Видете и ова: Шоле бара борба против корупцијата, но не донесе листа на санкции

Ковачевски изјави дека односите на Македонија со САД се силни и базирани врз заеднички вредности. Тој додаде дека стратешкото партнерство со САД и помогнало на земјата да донесе тешки одлуки со кои се отворен патот кон НАТО и ЕУ како и да го спроведе претседателствување со ОБСЕ во најтежок период по Втората светска војна.

„Горди сме на нашето партнерство и морам да кажам дека минатата 2022 година беше исклучително предизвикувачка година во Европа, и за нашата земја. Морам да им се заблагодарам на вашите колеги, со кои работевме заедно преку амбасадорот на САД во Скопје, и успеавме да ја надминеме кризата – енергетска криза, криза со храна – и да обезбедиме финансирање на се што е потребно за граѓаните на Северна Македонија“, изјави Ковачевски на почетокот на разговорите.

Видете и ова: Карпентер: Корумпираните немаат имунитет и нема да избегнат санкции


Минатиот месец Специјалниот претставник на Стејт Департментот за Западен Балкан Ексобар во телевизиско интервју за Топ Чанел изјави дека Договорот меѓу Косово и Србија што го овозможи Европската унија, со поддршка на САД, „речиси во секој аспект е поддржан од земјите од регионот“ и оти без поддршка на Северна Македонија тој не би се постигнал.

Во јануари советникот на Стејт Департментот Шоле при посетата на Скопје со Ковачевски разговарале и за борбата против корупцијата во земјава, како и за претседавањето со ОБСЕ во клучен момент за европската безбедност. На тој состанок како што изјави Ковачевски тема на разговор биле и уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи преговорите со ЕУ.