Исчезнати две малолетни девојчиња од струмичко, биле на екскурзија во Скопје

Македонска полиција

Две малолетни девојчиња од струмичко кои денеска биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје, пријавени се од нивната професорка како изгубени.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот, а според пријавата на нивната професорка (Е.А.) тие последен пат се видени пред Трговскиот центар Веро Џамбо во Скопје, јави МИА.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на малолетните девојчиња.

Според медиумските извештаи, девојчињата се на возраст од 12 и 14 години.

Скопската полиција ја добила пријавата дека девојчињата се ичезнати денеска околу 16 часот.

Според информациите на социјалните мрежи, девојчињата со своите врсници биле на еднодневна екскурзија и го посетиле Саемот на книга во Скопје.