Белоруски блогер почина во затвор

белорускиот блогер Николај Климович.

Почина белорускиот блогер Николај Климович, кој беше затворен поради објавување на карикатура на авторитарниот лидер на земјата Александар Лукашенко, соопшти центарот за човекови права „Вјасна“ од Минск.

Оваа организација објави дека Климович починал во казнената колонија во регионот на Витебск.

Активистите за човекови права се обидуваат да ги дознаат деталите, објави белорускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Видете и ова:

Вкочанетоста на ЕУ пред врската Будимпешта - Москва

Според организацијата „Вјасна“, Климович имал мозочен удар и операција на срцето пред да биде осуден на една година затвор во февруари.

Режимот на Лукашенко тргна да ги казнува неистомислениците по спорните претседателски избори во август 2020 година.

Опозициските лидери и западните влади сметаат дека тие избори се наместени.