Рудари загинале при пожар во рудник во Перу

Илустрација, рудар во рудник за злато

При пожар во рудник за злато во Перу загинаа голем број на рудари. Полицијата работи на извлекувањата на телата и засега не споделува официјален податок колку загинале. Според локалната власт до сега се извлечени најмалку 27 тема на рудари кои загинале во пожарот.

Сепак, додаваат дека бројот на жртвите не е конечен „бидејќи немало начин да се комуницира од рудникот“.

Локалната власт вели дека дека наверојатна причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација. Со овој рудник за злато во Перу стопанисува мала компанија.

Видете и ова: Најмалку 10 рудари загинаа во сообраќајна несреќа во Авганистан


Перу е најголемиот производител на злато во Јужна Америка, а рударството е клучна индустрија за земјата. Секоја година се случуваат десетици смртоносни несреќи, главно во мали рудници