Во Виетнам е забележана рекордна температура од 44,1 степени Целзиусови. Екстремната температура е измерена вчера на метеоролошка станица на северот на земјата, во провинцијата Тан Хоа, соопшти виетнамскиот хидрометеоролошки институт.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
И пивото загрозено од климатските промени
Претходната максимална температура во оваа југоисточна азиска земја изнесуваше 43,4 степени.
Научниците од Ханој потсетуваат дека порастот на температурата е загрижувачки во контекст на климатските промени и глобалното затоплување.Климата во Виетнам варира од север кон југ, а земјата сега влегува во најтоплиот период од годината.