Најмалку 170 загинати и над 100 исчезнати по поплавите во Конго

Илустрација

Бројот на загинатите од поројните дождови и свлечиште во источниот дел на Конго се искачи на 176, а околу 100 луѓе се уште се водат како исчезнати. Овие податоци ги соопштија надлежните институции. Нема податоци за тоа колку луѓе се повредени.

Гувернерот на областа Тео Нгвабидје ја посети областа по што на својот профил на социјалната платформа Твитер напиша дека владата испратила медицински материјали, засолништа и залихи со храна за погодените подрачја.

Неколку главни патишта до погодената област се непроодни поради дождовите, што ги отежнува напорите за помош.

Видете и ова: Над 460 загинати во тропскиот циклон Фреди во Југоисточна Африка

Претседателот на Конго Феликс Цисекеди прогласи национален ден на жалост во понеделник во чест на жртвите, а централната влада испрати тим за управување со кризи.

Обилните дождови во последните денови донесоа непогоди на илјадници луѓе во Источна Африка, а во делови од Уганда и Кенија исто така има обилни врнежи.

Минатата недела поплавите и свлечиштата во Руанда, која се граничи со Конго, оставија 129 мртви.