Пакистан домаќин на разговори меѓу кинески и талибански претставници

Кинески и талибански претставници на разговори во Исламабад

Пакистан е домаќин на разговорите кои се вода на 6 мај меѓу Кина и Авганистан предводен од Талибанците.

Министерот за надворешни работи на талибанската администрација Амир Кан Мутаки, кој долго време беше подложен на забрана за патување од ОН, на 1-ви мај доби ослободување за патување во Пакистан од Комитетот на Советот за безбедност на ОН.

Видете и ова: Талибанскиот е најрепресивниот режим за жените во светот

Разговорите во Исламабад со Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг и пакистанскиот министер за надворешни работи Билавал Буто Зардари се очекува да се фокусираат на регионалните безбедносни и економски прашања.