Сѐ уште не е потпишан и анексот на колективниот договор, со кој треба да се реализира покачувањето на платите и неизвесно е како ќе биде исплатена априлската плата, реагираа на денешната прес-конференција, Љубиша Каранфиловски, претседател на Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Предраг Серафимовски, претседател на Синдикат на Клинички центар.
Здравствени работници бараат да им се покачат платите и да им се усогласат со промените на минималната плата.
„Она што го очекуваат вработените е тоа што било договорено, покачена плата за април и со разлика на плата од претходниот месец“, вели Каранфиловски.
Видете и ова: Здравствени работници бараат повисоки плати и усогласување со минималнатаКаранфиловски потсети дека досега се направени два протеста и дека во моментов во здравството се случува таканаречен бел или тивок штрајк, кој значи демотивираност на вработените, кои сепак како што рече, совесно даваат здравствена услуга на пациентите, но, им се губи ентузијазмот.
Според нивните последни информации, Министерството за здравство чекало писмено мислење од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, за да пристапи кон потпишување, а како информација и заклучок за покачување, поминало на Влада. Синдикалните претставници изразија надеж дека нема да дојде до тоа да треба да се организира генерален штрајк.