Владини делегации денеска положуваат цвеќе во црквата Св. Спас“ во Скопје, на одбележувањето 120 годишнина од смртта на македонскиот револуционоер Гоце Делчев.
Нема најавено официјална делегација од Софија, како што беше чествувањето на 4-ти февруари, на денот на раѓањето на Делчев.
Во црквата „Св. Спас“ денеска пристигнаа претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Собраниската делегација ја предводеше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски.
Видете и ова: Тензично одбележан роденденот на Гоце ДелчевПрисуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и бројни други делегации.
В.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков минатата недела изјави дека не бил постигнат договор со Република Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.
Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија одржа панихида во Скопје, со што почна одбележувањето на годишнината од смртта на македонскиот револуционер.
Видете и ова: Силно полициско обезбедување во пресрет на чествувањето на Гоце ДелчевГоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, а загинал во селото Баница на 4 мај 1903, во борбата против турскиот аскер. Кукуш и Баница сега се наоѓаат во Грција.
Останките на Делчев во првите години биле чувани во Баница, а потоа биле пренесени во Бугарија каде останале до 1946 година, кога се пренесени во Скопје.
На сандачето во кое биле неговите коски, било запишано дека се „заколнуваат идните генерации светите мошти да бидат погребани во престолнината на независна Македонија“.