Приведена проруска политичарка во Молдавија

Илустрација аеродром во Молдавија

Висок функционер на проруска политичка партија беше приведен на аеродромот во Молдавија, соопшти молдавското Обвинителство. Во соопштението е наведено дека проруската политичарка Марина Таубер е приведена додека се подготвувала да ја напушти земјата.

Молдавското Обинителство ја обвини за вмешаност во незаконско финансирање на партијата „Шор“. Партијата е поддржана од богат популист Илан Шор, кој живее во странство од 2019 година, откако судот го осуди за измама и перење пари.

Видете и ова:

Молдавската полиција спречила заговор за немири поддржан од Русија

Приведувањето на Таубер доаѓа неколку дена пред уште една планирана антивладина демонстрација. Тензиите се зголемуваат во Молдавија, додека прозападната влада бара поблиски врски со Европската унија.

Пред повеќе од еден месец молдавската полиција соопшти дека спречила заговор на група на лица поддржани од Русија, специјално обучени да предизвикуваат масовни немири за време на протестите во главниот град против новата прозападна влада.