Хуманитарното примирје во Судан е продолженото за 72 часа

Илустрација, конфликт во Судан

Хуманитарното примирје во Судан е продолжено за уште три дена стартувајќи од неделата на полноќ, е наведено во соопштението од паравоените сили за брза поддршка (РФС). Во него е наведено дека одлуката е донесена како одговор на меѓународните, регионалните и локалните повици за прекин на огнот.

„Прогласуваме продолжение на хуманитарното примирје за 72 часа, како би се отвориле хуманитарни коридори, би се олеснило движењето на граѓаните и ќе им се даде можност да си ги задоволат своите потреби и да стигнат до побезбедни места“ се вели во соопштението.

Видете и ова: Ново прекршување на примирјето во Судан, борбите продолжуваат

Стотици луѓе загинаа, а над илјада се ранети во борбата за власт меѓу суданската војска и паравоените сили за брза поддршка во конфликтот кој започна на 15 април.

Борбата за моќ меѓу редовната армија и моќните паравоени сили доведе до насилство низ целата земја. Насилството изби на 15 април меѓу силите лојални на армискиот началник Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал и заменик, Мохамед Хамдан Дагло, кој командува со моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ). Поранешните сојузници ја презедоа власта со државен удар во 2021 година.