Пендаровски - Унапредени работнички права за просперитет

Tреба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски во честитката до граѓаните за меѓународниот Ден на трудот.

Тој посочува дека задачата на властите е да обезбеди работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавачите, да се отстранат бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост.

„Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот. Честит 1 Мај на сите работници!“, нагласува претседателот Пендаровски во порака по повод Први Мај.

Пендаровски посочува дека развојот и напредокот на Северна Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците.

Видете и ова: Два паралелни синдикални протести за Први мај

Покрај Пендаровски пораки до граѓаните испратија речиси сите политичари во земјава.

Во меѓувреме се очекува во тек е еден од најавените два сидникални протести со барања за повисоки плати и подобри работни услови.