Во текот на вчерашниот ден од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четворица државјани на Република Северна Македонија, информира денеска Министерството за надворешни работи.
Во соопштението се посочува дека евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што МНР и упатува искрена благодарност.
Видете и ова: Ново прекршување на примирјето во Судан, борбите продолжуваатЕвакуираните македонски граѓани во моментот се наоѓаат во градот Џеда во Саудиска Арабија, а нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со саудиските власти во насока за нивно враќање во земјава.
Од МНР наведуваат дека до сега од Судан се евакуирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а останатите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД. Од нашиот регион освен од земјава, евакуирани се и државјани на Грција и БиХ.
Борбата за моќ меѓу редовната армија и моќните паравоени сили доведе до насилство низ целата земја, силно бомбардирање на главниот град, со стотици убиени и илјадници повредени.