Во главниот град на Судан, Картум, денеска продолжија вооружените судири и повторно беше прекинато примирјето. Редовната армија денеска соопшти дека го нападнала градот од сите страни, од воздух и со тешка артилерија, за да ги истера паравоените ривали, пренесува BBC.
Најновиот прекин на огнот требаше да заврши вечерва, а милиони луѓе се уште се заробени во главниот град и останаа без храна.
По потпишувањето на примирјето, странските земји почнаа да ги евакуираат своите граѓани.
Видете и ова: Судански генерал вели дека нема разговори додека не престанат борбитеНајмалку 500 луѓе загинале од ескалацијата на судирите меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), но се верува дека бројот е многу поголем.
Борбата за моќ меѓу редовната армија и моќните паравоени сили доведе до насилство низ целата земја. Насилството изби на 15 април меѓу силите лојални на армискиот началник Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот ривал и заменик, Мохамед Хамдан Дагло, кој командува со моќните паравоени сили за брза поддршка (РСФ). Поранешните сојузници ја презедоа власта со државен удар во 2021 година.