Два вагони-цистерни со сулфурна киселина се излизгале од шините, но не биле оштетени и немало протекување, ниту пак опасност за луѓето и околината, соопштија од компанијата Инфраструктура железница Србија.
Цистерните не се превртеле, туку се лизнале со по една оска, а инцидентот се случил околу 4 часот и 50 минути во населбата Зајечар Трнавац, на пругата Зајечар – Прахово.
Железничкиот сообраќај на пругата Зајечар - Прахово во моментов е во прекин, откажани се два патнички воза на таа релација, а пругата е оштетена, јавува Бета.
Видете и ова:
Во Суботица три вагони-цистерни со пропан излетале од шините„Помошниот воз на инфраструктурата на Железниците на Србија за расчистување на последиците од вонредните настани се упати кон местото на несреќата, за да може пругата што поскоро да биде подготвена за сообраќај“, се наведува во соопштението.
Во Србија во последните шест месеци се случија неколку несреќи со транспорт на опасни материи. Во Суботица на северот на Србија, на 24 јануари три вагони-цистерни со пропилен (гас што најчесто се користи како енергија за согорување или гориво) излетаа од шините. И тогаш, според информациите од Железници немаше истекување на пропилен и опасност по луѓето, имотот и животната средина.