Дрон предизвика пожар во нафтен резервоар на Крим

илустрација

Магацин за нафта на Крим, кој е под руска окупација, експлодирал по напад со дрон, соопштија локалните власти, а пренесува „Гардијан“.

Експлозија на резервоар со нафта се случи во близина на градот Севастопол, соопшти локалниот гувернер Михаил Развозаев.

„Според прелиминарните информации, пожарот настанал по напад на дрон“, напиша Развозајев на Телеграм.

Видете и ова: Киев: Русија користи се повеќе ресурси за да го нападне Бахмут

Развозајев рече дека пожарот ќе биде комплицирано да се изгасне. Тој не кажа дали дронот што го наведе како предизвикувач на пожарот е украински.

Ова не е првпат цели на Крим да бидат погодени од украински беспилотни летала, а властите во Киев со месеци подготвуваат офанзива за да ја вратат контролата врз полуостровот, кој уште во 2014 година беше окупиран од Русите.