Од почетокот на тензиите во Судан не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош, информираат од Министерството за надворешни работи.
Од таму дополнуваат дека, според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата.
„Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk, како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса globalsos@mfa.gov.mk, стои во соопштението од МНР.
Видете и ова:
Евакуација на странски државјани и дипломати од Судан
Веќе втора недела во Судан се водат борби за превласт меѓу војската и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ). Двете групи се здружија во 2019 година, и во 2021 година го соборија на диктаторот Омар Хасан ал-Башир, по што ја презедоа власта. Пред десетина дена почнаа со меѓусебните судири за превласт.
Многу земји ги евакуираа своите дипломати и државјани од Судан, меѓу нив и Србија и Хрватска.