Украина забранува именување на географски локации поврзани со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон со кој се забранува именување на географски локации во Украина според руски личности или историски настани и датуми поврзани со руската агресија.

Насловен „За географските имиња“, законот забранува топонимика што ја „слави, овековечува, промовира или симболизира“ Русија или нејзините „истакнати, незаборавни, историски и културни места, градови, датуми, настани и личности кои извршиле воена агресија против Украина и други суверени земји“.

Видете и ова: Во војна во Украина за „брзо“ руско државјанство

Овој потег е дел од пошироките напори за „де-русификација“ во Украина во услови на инвазија на Москва врз земјата, која започна на 24 февруари минатата година.