Се интезивираат борбите во Судан

Илустрација Судан

Се интензивираа воздушните напади врз цели во суданскиот главен град Картум, јавува германската новинска агенција ДПА. До ова дојде откако обидот да се воспостави 24-часовен прекин на огнот не успеа. Денеска е петти ден од почетокот на борбите меѓу ривалските војски.

До сега имаше три неуспешни обиди за прекин на огнот меѓу армискиот началник и де факто водач Абдел Фатах ал-Бурхан и неговиот заменик Мохамед Хамдан Дагло, шеф на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ).

Видете и ова: Завојуваните генерали прогласија 24-часовен прекин на огнот во Судан


Двајца најмоќни генерали и нивните трупи се борат за превласт во политички нестабилната земја во североисточна Африка.

Видете и ова: Ескалира насилството во Судан: Армијата во судир со паравоените сили


Тие двајца владеат со земјата со околу 46 милиони луѓе, богата со злато и нафта, од воениот удар во 2021 година.

Светската здравстена организација соопшти дека во насилствата што од саботата избувнаа во Судан веќе се загинати 270 лица, а 2.600 се повредени. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопшти дека е скоро невозможно да се пружи хуманитарна помош во главниот град и оти здравствениот систем во земјата е во опасност од колапс. Продолжувањето на конфронтацијата може да го втурне Судан во поширок конфликт, додека земјата се бори со економски колапс и племенско насилство.