Бројот на загинати во пожарот што ја зафати болницата во главниот град на Кина се искачи на 29. Градските власти соопштија дека на пожарникарските служби им било потребно најмалку половина час за да го изгаснат пожарот.
Заменик- градоначалникот на Пекинг Ли Зонгронг изрази „длабоко сочувство“. Жртвите се 16 жени и 13 мажи, рече Ли.
„Чувствуваме длабоко каење и вина“, изјави тој пред новинарите.
Дванаесет лица, вклучувајќи го и директорот на објектот, се приведени во врска со пожарот, изјави Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг.
Тој посочи дека дека меѓу приведените имало и претставници од компанија која ја реновирала болницата.
Видете и ова: Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во ТетовоДржавната телевизија CCTV објави дека првичните резултати од истрагата покажале дека пожарот бил предизвикан од „искри создадени при работа за време на внатрешното реновирање и изградбата на стационарното одделение на болницата“.
CCTV објави дека од 29 загинати, 26 се пациенти во болницата, двајца се болнички персонал и еден е член на семејството на пациентот.
Сè уште имало 78 пациенти кои се лекуваат во болницата, кои се преместени во западната зграда на установата, соопшти CCTV.