Завојуваните команданти во Судан договорија 24-часовен прекин на огнот од вечерва, соопшти војската, по разговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен поради жестоките борби во Картум во кои беше нападнат американски дипломатски конвој.
Блинкен имал одвоени разговори со началникот на војската и со шефот на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во чија борба за превласт досега загинаа најмалку стотици луѓе.
Светската здравстена организација соопшти дека во насилствата што од саботата избувнаа во Судан веќе се загинати 270 лица, а 2.600 се повредени.
Лидерот на РСФ, генерал Мохамед Хамдан Дегало, познат како Хемети, рече дека неговите сили одобриле 24-часовен прекин на огнот за да се осигура безбеден премин на цивилите и евакуација на ранетите.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Беснеат судирите во Судан, бројот на жртви расте
Тој на Твитер напиша дека со Блинкен разговарал за „итни прашања“, и дека се планирани уште разговори.
РСФ испрати соопштени во кое се наведува дека водат континуирана битка за враќање на „правата на нашиот народ со нова револуција“.
Блинкен рече дека, според првичните извештаи, нападот врз американскиот дипломатски конвој го извршиле сили поврзани со РСФ, нарекувајќи ја таа акција „непромислена“.
Тој рече дека американскиот персонал е безбеден по инцидентот, нарекувајќи ги заканите кон американските дипломати „целосно неприфатливи“.
Утринава се пријавени експлозии во главниот град Картум, како и во градовите Омдурман и Бахри. Жителите велат дека имало воздушни напади.
Видете и ова: Ескалира насилството во Судан: Армијата во судир со паравоените силиБорбите во неколку региони на Судан беснеат од саботата.
Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соопшти дека е скоро невозможно да се пружи хуманитарна помош во главниот град и оти здравствениот систем во земјата е во опасност од колапс.
Борбите кои во саботата избија меѓу војската по команда на генералот Абдел Фатах ел Бурхан и Силите за брза поддршка под команда на генералот Мохамед Хамдан Дегало се први откако тие ги здружија силите во 2019 година за да го соборат диктаторот Омар Хасан ел Башир.
Тие сега меѓусебно се борат за превласт, додека политичките фракции преговараат за формирање преодна влада по воениот удар од 2021 година.
Со Судан сега управува Совет на генерали, откако во државен удар во 2021 година беше соборен Ел Башир.
Едно од главните прашања е интегрирањето на Силите за брза поддршка, кои имаат околу 100 илјади припадници, во регуларната војска и прашањето кој ќе ја води војската во таков случај.