Словачка привремено ќе го прекине увозот на жито и други избрани производи од Украина, изјави словачкиот премиер Едуард Хегер.
„Словачка привремено ќе го прекине увозот на жито и други производи од Украина. Денеска ќе се одржи состанок на работната група за ова прашање“, напиша денеска Хегер на социјалните мрежи.
Поранешниот словачки премиер Роберт Фицо ги повика властите во земјата веднаш да забранат увоз на жито од Украина, велејќи дека словачките земјоделци „подолго време викаат за помош“.
Видете и ова: Украина бара повторно отворање на транзитот на храна преку ПолскаПретходно, Полска и Унгарија го направија истото за да го заштитат локалниот земјоделски сектор, откако евтините житарки и прехранбени производи од Украина ги намалија цените низ целиот регион.
Европската комисија остро реагираше на потегот на Варшава и Будимпешта.
Едностраното дејствување на земјите-членки на Европската унија кога станува збор за трговијата е неприфатливо, истакна во неделата портпаролот на Европската комисија.
Забраната на Полска за увоз на украинско жито и друга храна ќе важи и за транзитот на овие производи низ земјата, изјави претходно полскиот министер за развој и технологија Валдемар Буда.