Поранешен индиски пратеник и неговиот брат убиени во живо пред ТВ камери

Форензичари на местото на убиството на пратеникот и неговиот брат во градот Прајаград, Индија, на 15 април 2023 година.

Поранешен индиски пратеник осуден за киднапирање е убиен заедно со неговиот брат во северна Индија во драматичен напад снимен на телевизија во живо, соопштија денеска официјални лица.

Атик Ахмад и неговиот брат Ашраф Ахмад биле под полициска придружба на пат кон медицински преглед во болница во саботата вечерта, кога тројца мажи, кои стоеле со новинарите, ги застрелале од непосредна близина во градот Прајаград во индиската држава Утар Прадеш.

Напаѓачите брзо и се предадоа на полицијата по нападот, при што најмалку еден од нив го извикуваше слоганот Џаи Шри Рам, кој стана борбен крик за хинду националистите во нивната кампања против муслиманите.

Со индиската држава Утар Прадеш управува владејачката индиска хинду националистичка партија Бхаратија Џаната.

Полицискиот службеник Рамит Шарма рече дека тројцата напаѓачи дошле со мотори и се претставиле како новинари.

„Тие успеаја да се доближат до Атико и неговиот брат преправајќи се дека снимаат изјава и пукаа во нив од непосредна близина. Двајцата се здобија со повреди на главата“, рече тој, додавајќи дека се се случило за неколку секунди.

На 12 април, во операција опишана како разбивање, полицијата го уби синот на Атик Ахмад и уште еден маж, кои беа прогласени за одговорни за неодамнешното убиство.

60-годишниот Атик Ахмад е во затвор од 2019 година, откако беше осуден за киднапирање. Четири пати беше претставник на таа индиска држава, а беше избран и во индискиот парламент во 2004 година.

Неговиот адвокат Виџеј Мишра рече дека инцидентот бил шокантен откако била јасна неспособноста на полицијата во обезбедувањето на неговите клиенти.

Опозициските партии ги критикуваа убиствата како безбедносен пропуст.