Европска комесарка најави 11-ти пакет санкции против Русија

Европската унија подготвува воведување 11-ти пакет санкции против Русија, изјави еврокомесарката за финансиска стабилност и финансиски услуги Мејрид Мекгинис.

„Европа воведе 10 пакети санкции. Ќе имаме уште еден пакет, моја работа е тие да бидат ефикасно имплементирани“, изјави таа за Си ен би си.

Видете и ова: Вагнер на листата на санкции на ЕУ поради војната во Украина


Русија, рече таа, е ускратена финансиски и технолошки, поради што има проблеми на бојното поле.

„Нашите информации велат дека санкциите успеваат“, рече Мекгинис.

Западните земји почнаа да воведуваат санкции против Москва, откако Русија почна војна против Украина во февруари 2022 година.