Руските сили мачеле жители на Херсон

Руските сили незаконски апселе и мачеле жители на Херсон и околината за време на окупацијата на таа област помеѓу март и ноември 2022 година, објави меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ).

„Руските окупаторски сили извршија ужасни мачења и други злоупотреби врз жителите на Херсон“, изјави Јулија Горбунова, висок истражувач во ХРВ.

Во последниот извештај објавен во четвртокот, на 13 април, ХРВ преку интервјуа со 34 лица утврди дека луѓето биле мачени во притворот во Керсон, место кое локалните жители го нарекуваат „дупка“, како и во затворот на улицата Перекопска. Тоа се импровизирани објекти каде што се притварале Украинци во зградите на општинската администрација, во селското училиште и аеродромскиот хангар.

Соговорниците во истражувањето на Горбунова го опишале малтретирање кое вклучувало тепање со гумени палки, струен удар, закани со смрт или осакатување, наведува ХРВ. Во извештајот е посочено дека на приведените не им била укажана соодветна медицинска нега.

Меѓу сведоците имало дванаесет поранешни притвореници и десет членови на семејствата кои опишаа дека приведените биле мачени или дека биле сведоци на тортура на други притвореници, што во три пријавени случаи резултирало со нивна смрт.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Руска ученичка под истрага од полицијата поради подршка на Украина

ХРВ пишува дека руските сили во Херсон применувале сличен модел во нивното однесување и кон цивилите за време на окупацијата.

„Пет месеци откако руските сили се повлекоа од Херсон и околните области, ние сè уште ја „гребеме површината“ на злосторствата што тие ги извршија, а третманот на сите украински цивили на окупираните територии е сè поалармантен, рече Горбунова.

Меѓународната истражна комисија во Украина, поддржана од ОН, во извештајот објавен на 16 март, наведе дека Русија во голем обем ги прекршила одредбите на меѓународните човекови права и хуманитарните норми и дека некои од нив претставуваат воени злосторства.

Русија постојано негира дека извршила воени злосторства во Украина и покрај огромните докази за спротивното.