Бајден ја повикува Северна Ирска да го одржи мирот

Американскиот претседател Џо Бајден во посета на Северна Ирска

Претседателот Џо Бајден во средата рече дека Северна Ирска не смее „да се врати“ на насилството пред мировниот договор што се постигна пред 25 години со посредство на САД, поттикнувајќи ги политичарите да ја решат политичката криза што го остави овој дел од Обединетото Кралство без функционална влада.

Тој во својот говор зборуваше за економскиот раст што Северна Ирска го доживеа по Договорот со кој се стави крај на 30-годишното крвопролевање.

„Наше е да го продолжиме ова.Едноставната вистина е дека мирот и економската можност одат заедно“, изјави Бајден за време на говорот во новиот кампус на Универзитетот Алстер во Белфаст.

На својата прва претседателска посета на Северна Ирска, Бајден навести зголемување на американски инвестиции за да се поттикне економскиот раст, но само доколку политичарите во Белфаст ја разрешат политичката криза со која земјата е без функционална влада.

Видете и ова:

Што ќе се промени по смртта на кралицата Елизабета Втора


При говорот кој го одржа во новиот кампус на Универзитето во Белфатс потсети дека изградба на таков кампус во центарот на градот би била незамислива за време на годините на бомбашки напади и престрелки познати како „Неволјите“.

„Онаму каде што некогаш имаше бодликавата жица со која беше пресечен градот, денес имате катедрала за учење, изградена од стакло“, рече тој.

Истакнувајќи дека вкупното економско производство на Северна Ирска се удвоило во изминативе 25 години откако беше потпишан мировниот договор во април 1998 година, Бајден ги повика луѓето во Северна Ирска „да го одржат мирот, да ја ослободат оваа неверојатна економска можност, која штотуку почнува“.