Починало дете по напад од куче

Илустација, кучиња скитници на плоштадот во Скопје

Осумгодишно дете од Скопје синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Детето било нападното од кучето на соседот. По нападот, детето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите.

„Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г“, се вели во полицискиот билтен.

Видете и ова: Почина бебе во битолската болница, инспекторски тим утре ќе ги утврдува причините

Нападот се случил во скопската општина Кисела Вода. За случајот е известен јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.