Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денеска апелираше за „огромна меѓународна поддршка“ за Сомалија, која е погодена од исламистички бунт и невидена суша.
„Овде сум и да ја истакнам потребата од масовна меѓународна поддршка: потребна е голема меѓународна поддршка поради хуманитарните тешкотии со кои се соочува земјата“, рече Гутереш на заедничката прес-конференција со сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд.
Генералниот секретар на ОН додаде дека е потребна огромна хуманитарна поддршка за зајакнување на безбедносниот капацитет на Сомалија и за поддршка на стабилизацијата и развојот на земјата.
Видете и ова: Најмалку 34 загинати и 40 повредени во борбите во СомалијаГутереш утрово пристигна во Могадишу во кратка „солидарна посета“ по повод светиот месец Рамазан.
За време на посетата, се очекува генералниот секретар на ОН да се сретне со политичките актери и да посети камп за раселени лица, објавија локалните медиуми.
Посетата на шефот на ОН доаѓа во време кога земјата е зафатена од голема суша што ги остави жителите на работ на глад, додека владата е ангажирана во офанзива за да се спротивстави на исламистичкиот бунт.
ОН упатија апел за хуманитарна помош од 2,6 милијарди долари за Сомалија, но досега се доделени само 13 отсто.