Македонија лансира дигитален асистент за инвеститори и граѓани - АДА

Премиерот Димитар Ковачевски на промоцијата на првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавениот сектор - АДА

Денеска беше промовиран првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор - АДА.

АДА има за цел да ја претставува Северна Македонија како поволна инвестициска дестинација и ќе нуди персонализиран пристап при комуникацијата со потенцијални странски инвеститори.

На промоцијата денеска зборуваа премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и техонолоши развој, Фестим Халили.

Ковачевски рече дека Северна Македонија сега е дел од бранот модерни достигнувања кои го зафаќаат „секој аспект нашите животи.“

Со своите способности напојувани со вештачка интелигенција, АДА може да одговори на широк спектар на прашања поврзани со условите за инвестирање и државната помош во текот на 24 часа.

Видете и ова: Битиќи- Со вештачка интелегенција до намалување на корупцијата

Во моментов покрива 80 проценти од услугите поврзани со инвестирање во државата. АДА е достапна на македонски, албански и англиски јазик на веб-страницата ada.gov.mk.

Со повеќе од 260 веќе одговорени прашања, АДА продолжува да учи и да се развива. Овој дигитален асистент означува значаен чекор кон дигитализацијата во Северна Македонија и ја покажува посветеноста на земјата да ги прифати новите технологии за подобрени јавни услуги.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, изјави дека ова е еден проектите кој го работеле заедно со кабинетот, на кој е најмногу горд.

„Посебно сум среќен дека можеме да го лансираме и да го ставиме во користење на граѓаните и бизнис секторот“, изјави Битиќи.

Како што беше кажано, АДА е креирана од домашна стартап компанија „Кодвеил анлимитед“, која на објавениот јавен повик била оценета во конкуренција на три проекти како најиновативна идеја за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција.

Со помош на АДА, компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во земјата и за државната помош која што се нуди.

Овој дигитален асистент ги нуди сите информации за финансиска поддршка од страна на државата, а ќе се надградува и со други услуги од важност за деловниот сектор и за граѓаните.