Двајца мажи јавно камшикувани во Иран поради пиење алкохол

Паркот Гохар во Сирџан, каде што мажите биле камшикувани. (архивска фотографија)

Двајца мажи беа поради пиење алкохол јавно беа камшикувани во рекреативен комплекс во јужниот ирански град Сирџан, објави обвинителот на Сирџан, Мојтаба Гадими.

Гадими на 9 април рече дека двајцата мажи биле осудени на два месеци затвор и 280 часа општокорисна работа.

Видете и ова:

Иран поставува камери на јавни места за да ги казнува жените кои не носат хиџаб

Официјалната владина новинска агенција ИРНА соопшти дека на интернет е објавена снимка од двајца мажи како пијат алкохол во близина на езеро.

Консумацијата на алкохол е забранета во Иран и се казнува со камшикување и парични казни.