На спортистите од Русија им се заканува забрана за влез во Германија, доколку им биде дозволено повторно да учествуваат на меѓународни спортски настани, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
Фезер изјави за весниците на издавачката куќа „Funke“ дека забраните ќе бидат спроведени според визните регулативи.
„Земјите каде што се одржуваат големи спортски настани не се немоќни. Тие можат преку издавање визи да контролираат дали Русите навистина можат да учествуваат“, рече Фезер.
Видете и ова: Олимпискиот комитет препорача враќање на руските и белоруските спортисти, но под неутрално знамеНа спортистите од Русија и Белорусија им е забрането да учествуваат на повеќето меѓународни спортски настани од минатогодишниот почеток на руската инвазија врз Украина.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) сега препорача повторно да ги прими, под строги услови и како неутрални спортисти.