Здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид утрово е избришано од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога на 30 март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на бугарскиот цар од времето на Втората светска војна.
Владината Комисија за употреба на имиња на историски личности претходно даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тензии на отворањето на клубот „Цар Борис“ во Охрид
Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам…
Културниот центар Ванчо Михајлов од Битола, беше избришан од Централен регистар пред две недели, затоа што одби да се пререгистира, а утрово е избришан и културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација.
Видете и ова:
80 години разногласие – Што направил Цар Борис Трети за опстанокот и депортацијата на Евреите?