Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ за формирање специјален фонд за поддршка на руските војници кои се борат во Украина и нивните семејства. Указот за поддршка на „Бранителите на татковината“ е објавен на официјалната веб-страница на Владата.
„Мерките се „со цел да се обезбеди пристоен живот“ за војниците вклучени во офанзивата во Украина, како и за нивните партнери и деца“, се наведува во декретот.
Видете и ова:
Путин – Опстанокот на Русија зависи од војната во УкраинаОдлуката за формирање на специјален фонд за поддршка на руските војници е донесена од Парламентот на 21 февруари.
„Сите разбираме, разбирам колку е неподносливо тешко сега за сопругите, синовите, ќерките на паднатите војници, нивните родители, кои одгледаа достојни бранители на татковината“, изјави тогаш Путин пред пратениците во рускиот парламент.
За време на неговиот говор до нацијата тој им се обрати и на Русите кои го избрале „патот на предавството“, велејќи дека мора да бидат изведени пред лицето на правдата, но дека властите нема да започнат „лов на вештерки“ против неистомислениците.