Најмалку 26 лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во САД, што е нов официјален биланс на последиците од невремето, објави денеска Асошиејтед прес.
Невреме со спорадични торнада погоди вкупно осум американски сојузни држави од петокот на 31 март.
Видете и ова:
Бајден -Достапна е федералната помош за областите погодени од смртоносното торнадоНајмалку девет лица загинаа во државата Тенеси, четири во градот Вејн во Арканзас, три во Индијана и четири лица во Илиноис. Жртви имало и во Алабама и Мисисипи.
Торнадото остави пустош, превртени се возила, откорнати дрвја, искршени столбови, оштетени куќи.
Пред една недела торнадо ја погоди сојузната држава Мисисипи, при што загинаа 25 лица, а беше предизвикана и огромна материјална штета.
На 31 март американскиот претседател Џо Бајден ги посети местата погодени од торнадото.