Украинската СБУ изврши претрес во резиденцијата на митрополитот Павло

Митрополитот Павло (Петро Лебид), за време на објавувањето на сомневање според два члена од Кривичниот законик на Украина. 1 април 2023 година.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) официјално потврди дека му доставила известување за сомневање и извршила претрес во резиденцијата на митрополитот Павло од Украинската православна црква (УПЦ), кој е поранешен игумен во славниот манастир Киевско-Печерска Лавра.

УПЦ е огранок на Украинската православна црква што претходно беше под јурисдикција на рускиот православен патријарх во Москва. Таа ги прекина врските со Москва во мај поради руската неиспровоцирана инвазија на Украина, но беше обвинета дека одржува врски со Русија.

СБУ во порака на Телеграм соопшти дека собрала „разумни докази во врска со вмешаноста на Павло во поттикнување на верско непријателство, оправдување и негирање на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина.

Видете и ова: Старешината на Киевско-печерската лавра осомничен дека ја одобрил руската агресија

СБУ го потврди известувањето за сомневање против Павло според два члена од украинскиот Кривичен законик -- поттикнување меѓурелигиска омраза, како и оправдување на руската агресија врз Украина.

СБУ не даде информации за наводното повикување на Павло на сослушување или за наводно ставање во домашен притвор, како што објавија некои медиуми.

Случувањата следуваа откако членовите на УПЦ одбија да го напуштат манастирот Киевско-Печерска Лавра до 29 март, како што наложија украинските власти.