Граѓаните на Црна Гора денеска избираат меѓу Мило Ѓукановиќ, актуелен претседател и кандидат на Демократската партија на социјалистите и Јаков Милатовиќ, кандидат на движењето Европа сега, во вториот круг од редовните претседателски избори.
Избирачките места беа отворени во 7:00 часот, а ќе бидат затворени во 20:00 часот. Право на глас имаат 542.154 избирачи. Во првиот круг гласале 341.551 гласач или 63,6 отсто од граѓаните.
Видете и ова: Притисок врз црногорската дијаспора пред вториот круг претседателски избориЃукановиќ освои 119.673 гласови или 35,37 отсто, а Милатовиќ 97.858 гласови или 28,92 отсто.
За вториот круг Ѓукановиќ беше поддржан од Социјалдемократите, Социјалдемократската партија, Бошњачката партија и дел од албанските национални партии.
А Милатовиќ, чија партија нема пратенички статус, доби поддршка од: Демократскиот фронт, Демократите, Граѓанското движење УРА и Социјалистичката народна партија.
Ова се четврти претседателски избори од обновувањето на црногорската независност во 2006 година и седми од воведувањето на повеќепартискиот систем.