Папата Франциск денеска излезе од болница

Папата Франциск мафта од автомобил додека ја напушта римската болница Гемели. Италија, 1 април 2023 година.

Папата Франциск денеска ја напушти болницата за да се врати во Ватикан, откако беше лекуван од бронхитис, мавтајќи им на добронамерниците и медиумите кои го чекаа додека заминуваше.

„Не се исплашив, сè уште сум жив“, им рече тој на новинарите во краткиот коментар пред болницата пред да замине.

Видете и ова: Папата го ажурираше законот за одговорност за прикривање на сексуална злоупотреба

Папата кој има 86 години, беше пренесен во болница пред три дена откако се пожали на тешкотии со дишењето.

Тој добро реагираше на инфузијата на антибиотиците, рече неговиот медицински тим.

Папата, кој во март ја одбележа 10-годишнина од неговиот понтификат, претрпе неколку болести во последните години.